Дали вашиот телефон е постојано на полнач? Еве неколку решенија

Доколку батеријата во вашиот телефон не издржи цел ден, пробајте некои од овие совети.

Вклучете го режимот за заштеда на енергија

Ако мислите дека вашата батерија нема да трае уште неколку часа, вклучете го режимот за заштеда на енергија(Power Saving Mode).

Повеќето телефони нудат повеќе од еден метод за заштеда. Режимот со високи перформанси(High Performance) троши повеќе енергија од батеријата со зголемување на осветленоста и резолуцијата на екранот, додека оптимизираниот режим нуди размена помеѓу перформансите и траењето на батеријата.

“Medium power saving” троши помалку податоци и ја намалува осветленоста на екранот, резолуцијата и перформансите на процесорот. Префрлувањето на “Medium power saving” ќе го сведете вашиот уред само на основните услуги и апликации.

Една од опциите (за оние телефони што ја имаат) е и Adaptive power saving mode, кој автоматски ја регулира потрошувачката додека уредот е во вашиот џеб.

Обратете внимание на Mobile data

Поторошувачката на Mobile data троши многу батерија, затоа е добра идеја да користите Wi-Fi секогаш кога можете. Една прилично безбедна метода е активирање на режимот „Аirplane“, кој ги исклучува сите активности, освен поврзување со Wi-Fi. Имајте на ум дека ако вклучите Airplane режим, ќе го изгубите пристапот до СМС и повици.

Имате AMOLED екран? Обидете се со мрачен режим

Темниот режим(Dark mode) често изгледа поубаво од вообичаеното, но нема да троши помалку батерија, доколку вашиот телефон нема OLED или AMOLED дисплеј. Може да го вклучите темниот режим од „брзи поставки“, а некои апликации го имаат како посебна опција во нивното мени.

Исклучете го активното следење

Функциите како што се Bluetooth, NFC и други локациски услуги може да ја потрошат батеријата прилично брзо. Ако сакате да ја зачувате, држете ги сите тие функции исклучени додека не ви затребаат повторно.

Исто така, ако „Google Assistant“ е вклучен, одете во неговите поставки и деактивирајте го. Ова исто така важи и за сите други асистенти што ги нудат индивидуални производители. Можете лесно да ги користите кога навистина ќе ви затребаат, но нема потреба постојано да бидат вклучени.

Намалете ја осветленоста на екранот

Екраните на телефоните никогаш не биле поголеми и посветли, но бидејќи дијагоналите и бројот на пиксели постојано растат, ова се случува и со енергијата која ја трошат. Заштедете на батеријата со одење во поставките и намалете ја осветленоста. Можете исто така да го намалите времето за автоматско исклучување на екранот.