Дали следува ново поскапување на струјата?

Следниот месец преносниот систем Мепсо и Електродистрибуција треба да ги достават пресметките за трошоците до регулаторната комисија за енергетика. Од РКЕ велат дека пресметките треба да  ги добијат најдоцна до средината на мај.

“Регулаторната комисија за енергетика очекува Мепсо и  Електродистрибуција своите барања за цени на пренос, односно дистрибуција да ги достават најдоцна до 15 мај. Регулаторната комисија не ја одредува цената на ЕСМ и влијае  само на 38 проценти на крајната цена, додека нема влијание на 62 проценти”, вели претседателот на РКЕ Марко Бислимовски.

Google search engine

Во меѓувреме и покрај растот на цената на струјата минатата година,  енерегетските компании 2020 ја завршија со загуби.

Преносниот систем Мепсо ја заврши ланската година со загуба од 6 милиони евра. Од таму за Денар посочија дека додека не се направат пресметките не може да се знае дали и за колку би побарале зголемување на цената за преносот што дирекно ќе влијае на крајната цена која ќе ја плаќаат потрошувачите. На почетокот на следниот месец ќе имаат појасна слика за состојбата во компанијата.

И државните електрани најверојатно 2020 година ќе ја завршат со полоши биланси од претходните години.

“Од една страна поради пандемијата побарувачката на струја беше намалена, а од друга поради сушниот период работата на хидроцетралите беше стопирана на одредено време, а тоа диркено влијаеше на намалување на  приходите од продажба на вишоци на струја”, се вели во дописот од компанијата.

АД ЕСМ дури во јуни откако ќе биде направена проценка на состојбата на термоелектраните и на хидро-состојбата ќе достават нова понуда на цена кон ЕВН ХОУМ, која ќе важи во следните шест месеци, односно од јули до декември. За компанијата најдобрата година била 2018.

Минатата година во август цената на струјата се зголеми за 7,4 проценти на барање на државните енергетски компании. Поради пандемијата тие пријавија загуби и тоа ЕСМ од 17 милиони евра, а минусот во Мепсо изнесуваше 11 милионие евра.

Дали загубите на компаниите повторно ќе повлечат нов скок на цената на електричната енергија ќе се знае во следниот период откако ќе бидат направени пресметките.

Инаку со новиот закон за енергетика и со воведувањето на универзалниот снабдувач, ЕСМ во 2019 година имаше обврска да понуди 80 отсто од своето производство за потребите на универзалниот снабдувач. Секоја година понудената количина треба да се намалува, односно во 2025 тата државните електрани ќе имаат обврска на универзалниот снабдувач да му понудат 30 проценти од производство.

Превземено од denar.mk

ПретходнаРусија праќа повеќе од 100.000 војници на украинската граница
СледнаКако дојде до тоа фармацевтските компании да одлучуваат за судбината на светот?