Дали ова не чека сите? CNN отпушти тројца вработени – не биле вакцинирани

Американската медиумска куќа Си -Ен -Ен отпушти тројца работници кои дојдоа на работа невакцинирани, иако овој медиум бара вработените кои доаѓаат во канцелариите да бидат вакцинирани против корона вирусот.

Објавата за разрешување ја даде претседателот на Си -Ен -Ен, Џеф Закер, според службените пораки што им ги испрати на вработените, а во кои увид имал весникот Хил.

Google search engine

Минатата недела бевме свесни за тројца вработени кои доаѓаат на работа невакцинирани. Да бидам јасен – ние имаме нулта толеранција по ова прашање – рече Закер.

Си -Ен -Ен не бара доказ за вакцинација од вработените, меѓутоа, работниците мора да бидат целосно вакцинирани ако сакаат да работат во канцеларија или на терен.

Закер очекува дека ќе биде неопходна потврда за вакцинација во следните неколку недели, а официјалното враќање на вработените во просториите на Си-Ен-Ен е одложено за 7 септември поради зголемувањето на бројот на луѓе кои страдаат од ковид-19 во Соединетите држави.

Претседателот Си -Ен -Ен рече дека секој што доаѓа во канцелариите во Лос Анџелес, Вашингтон и Атланта, од денес мора да носи маски, без оглед на статусот на вакцинација.

Хил додава дека и некои други американски медиуми, како што се Вашингтон пост и Вашингтон егзаминер, бараат работниците да бидат вакцинирани пред да дојдат во канцелариите.