Дали ова е планот на Русија за Володимир Зеленски !? Еве како би завршил претседателот на Украина доколку биден фатен

Високорангиран пратеник во самопрогласената Народна Република Доњецк во средата изјави дека регионот поддржан од Русија има намера да му суди на украинскиот претседател Володимир Зеленски како воен злосторник.

Во изјава за руската медиумска агенција ТАСС, Јелена Шишкина кажа дека Народна Република Доњецк ќе поднесе обвиненија против пратениците кои ја водеа Украина од 2014 година, кога рускиот претседател Владимир Путин го анектираше Крим. Меѓу нив се Володимир Зеленски, поранешниот вршител на должноста претседател Олександар Турчинов и поранешниот претседател Петро Порошенко.

Google search engine

„Извршителите на воените злосторства не се само оние кои држат оружје во рацете и го влечат чкрапалото. Тоа се и генерали кои издаваат наредби, па дури и претседатели“, изјави Шишкина, која претседава со парламентарната комисија на Доњецк за кривично и административно законодавство.

Шишкина кажа дека законите во самопрогласената република предвидуваат кривична одговорност за воени злосторства, како и за поддршка и финансирање тероризам.