Дали некогаш ви „игра“ окото? Што сака да ви каже телото со тоа?

Сите веројатно во некој момент сте го искусиле ова – во сосема нормален ден или конверзација со некој, окото наеднаш започнува неконтролирано да „игра“, односно да се грчи. Колку повеќе се обидувате да ја запрете оваа појава, толку повеќе таа е посилна и полоша.

Овие непријатни и досадни грчеви кои прават да изгледа дека константно му намигнувате на некого може да се појават поради три причини.

Реклама

Најчестата причина поради која доаѓа до грчење и затегнување на капакот од окото е недостатокот на сон, па можете да размислите да си легнувате малку порано доколку оваа појава ви е зачестена.

Стресот исто така е голем фактор, па затоа најдете начин да се олабавите од проблемите и да сфатите дека секој човек ги има и дека не сте единствените кои имаат проблеми.

А тука е и третата причина, а тоа е внесот на кофеин, алкохол и пушењето цигари, бидејќи овие три нешта во голема мера влијаат на грчевите од овој вид.

Доколку оваа појава е многу зачестена, а не периодична, можно е да станува збор и за некој посериозен проблем во врска со окото, а во ретки случаи грчењето е последица од нервни и мозочни пореметувања како Паркинсоновата болест.

Па така, доколку подолго време ја имате оваа непријатна појава, задолжително обратете се кај вашиот доктор.

Сепак, без грижи најверојатно вашето тело сака само да ви каже дека му е потребно повеќе сон, помалку стрес и санкционирање на лошите навики како цигари, алкохол и кофеин.

Реклама