Според истражувањето објавено во „Archives of Sexual Behavior“, негативниот“ оргазам може да укаже на голем број проблеми за време на сексот – некогаш единствена цел на партнерите е преку него да го смират егото на партнерот, до збунувачки чувства кај луѓето кои се големи верници, или, пак заробени во телото на спротивниот пол (трансродова личност).
Иако оргазмот има долга историја на поврзување со сексуален успех и бил поврзан со феминизмот во 60-тите, истражувачите зад студијата истакнале дека постигнувањето на оргазам може да создаде несакан притисок.
Во истражувањето во кое учествувале 726 луѓе на возраст од 18 до 66 години, тие одговориле на прашањето: Дали некогаш имале негативно искуство поврзано со оргазмот?
Повеќето од испитаниците биле белци со различен пол и сексуален идентитет.
Кој е императивот за оргазам?
Истражувачите истакнале дека „императивот за оргазам“, односно идејата да се доживее „секогаш“ истиот се смета за нешто нормално, од друга страна создава непотребна вознемиреност. Покрај овој социјален притисок, некои учесници изјавиле дека доживуваат уште поизразен притисок за постигнување на оргазам од стана на нивниот партнер.
Испитаниците откриле и дека покрај навидум задоволувачкиот секс, нивните партнери ги обвинуваат ако случајно не доживеат оргазам, па дури и повеќекратни оргазми. Исто така, ги обвинуваат дека не им сметаат за доволно привлечни или, пак, дека другите работи во нивниот живот се поважни од нивниот заеднички сексуален живот.
Авторите на студијата, Сара ван Андерс, професорка на Универзитетот во Квинс и Сара Чадвик, од Универзитетот во Мичиген, нагласиле дека овој вид на сексуална принуда во никој случај не е прифатлива,
Тие ги анкетирале учесниците за „квалитетот“ на нивниот оргазам во текот на сексуалниот однос. Мнозинството од испитаниците изјавиле дека оргазмите биле помалку пријатни, а понекогаш и послаби и болни за време на секс со „негативен“ предзнак.
Емоционална неповрзаност
Често станувало збор за секс без емоции. Некои учесници рекле дека за време на сексуалниот чин духовно и емотивно се оддалечиле од партнерите. Дополнително, сексот честопати бил болен, а адреналинот не бил доволно силен за да го потисне тоа физичко чувство.
Религија и пол
Религијата и полот исто така играат голема улога кај некои луѓе кои се чувствуваат лошо за време на сексот, особено кога ќе постигнат оргазам. Одговорите покажале дека жените можат да се најдат во многу непријатна ситуација кога мажот коментира дека женското тело е „идеално за физичка работа и за раѓање деца“, што може да стане прилично вознемирувачки фактор за неа. А силен религиозен набој може да придонесе за лошо чувство по доживување оргазам.
Авторките на истражувањето се надеваат дека ова истражување е само еден мал дел во сфаќањето дека, на пример, доживувањето оргазам не го прави сексот по дифолт одличен и дека не може да се анулираат негативните чувства доколку се почувствува притисок за време на односот.