Дали навистина користиме 10 отсто од нашиот мозок?

Мозокот е најсложениот орган во човековото тело, а се верува дека луѓето користат само 10 отсто од капацитетот на мозокот.

Има ли вистина во тоа?

Многубројни истражувања покажале дека станува збор само за мит, а неврологот Бари Гордон вели дека поголем дел од мозокот секогаш е активен.

Реклама

Така и во текот на снимањето на мозокот, со функционална магнетна резонанца утврдено било дека постојат активности во мозокот и додека личноста прави различни задачи. Користејќи ја оваа метода истражувачите покажуваат дека поголем дел од мозокот во употреба речиси непрекинато работи, па дури и во сонот, но и кога правиме едноставни работи.

Процентот на мозокот кој се користи во било кој момент, варира од личност до личност, а тоа зависи од тоа што прави личноста и на што размислува.

Од каде митот за 10 отсто?

Не е јасно од каде овој мит започнал, но постојат неколку можни извори. Меѓу научниците постои убедување дека невроните се само 10 отсто од мозочните клетки, па можеби овој податок придонел за митот од 10 отсто.

Подобрување на функцијата на мозокот

Како и на секој друг орган, така и на мозокот влијаат начинот на живот, исхраната и вежбањето. За да ја подобрите функцијата и здравјето на мозокот, потребно е да се храните правилно и да бидете ментално активни.

Исхрана за мозокот

Јаткастите плодови богати со омега масни киселини и антиоксиданти, се многу здрави за мозокот. Исто така овошјето и зеленчукот со темен корен се добри за здравјето на мозокот – спанаќ, брокули, боровинка, црвена пиперка, компир.

Вежбајте редовно

Редовното вежбање исто така го намалува ризикот од здравствени проблеми кои можат да доведат до деменција, а брзото одење 30 минути дневно доволно е да се намали ризикот од намалување на функцијата на мозокот. Исто така може да возите велосипед, да пливате, трчате.

Мозокот нека ви биде активен

Колку повеќе го користите мозокот, толку подобра ќе биде неговата ментална функција. Од таа причина, вежбите за мозок се добар начин за одржување на доброто здравје на мозокот.

Реклама