Дали намалувањето на ДДВ-то на струјата ќе го почуствуваат граѓаните?!

Владата донесе одлука една година да го намали ДДВ-то на електричната енергија од 18 на 5 отсто. Одлуката важи од 1-ви јули годинава па се до истиот месец следната година. Оваа одллука важи за промет и увоз на електрична енергија за домаќинствата. Дел од даночните експерти пак сметаат дека кога се зголемува данок постои ризик од постигнување на посакуваната цел, кога се намалува, уште поголем. Активистите пак, задоволни од намаленото ДДВ на електричната енергија и сега апелираат цената на струјата да нема нагорна корекција.

Одлуката за намалување на ДДВ-то на електричната енергија е донесена на владина седница, според којa ДДВ-то на струјата се намалува од 18 на пет отсто заклучно со 1-ви јули 20202 година. Измените предвидуваат и во период од 1 јули 2022 до 30 јуни 2023 година, даночната стапка за ДДВ за прометот и увозот на електрична енергија за домаќинствата ќе изнесува 10 проценти. По 1 јули 2023 година, даночната стапка ќе се врати повторно на 18 проценти.

Google search engine

Денар побара став од Регулаторната комисија за енергетика, од каде ни соопштија дека намалувањето на ДДВ-то е едно од решенијата што тие го понудиле точно пред една година како можност да се заштитат домаќинствата во самиот процес на либерализација на пазарот на електрична енергија. Според анализите на регулаторот, но и сеопфатните анализи во координација со Енергетската заедница пред една година проценето е, дека неопходно да се донесат системски решенија, што освен намалување на ДДВ ќе опфатат и проширување и зајакнување на подршката на ранливите категории во плаќањето на сметките за електрична енергија.

„Секој потег што нуди решение за заштита на стандардот на домаќинствата во процесот на енергетска транзиција, што значи струја од вода, ветер и сонце наместо од јаглен  покажува стратешки пристап во решавање на глобалниот предизвик за намалување на штетни емисии и заштита на животната средина. Самиот факт дека во еден момент настана “клинч” меѓу партиите чиј предлог е намалување на ддв- то од 18% на 5% за нас е показател дека политичарите, без разлика дали се пратенци, министри или функционери на партии имаат доблест да слушнат стручни луѓе во областа кои нудат издржани решенија. Регулаторна комисија за енергетика ќе продолжи да ги афирмира и останатите предлог решенија со цел заштита на потрошувачите”, вели за Денар Марко Бислимоски Претседател на Регулаторната комисија за енергетика.

Но, експертот по даночна политика Славко Лазовски смета дека намалувањето на ДДВ-то на струјата не е добро ниту за граѓаните, а ниту пак за буџетот. Неговото образложение за овој став е дека секогаш намалувањето на даноците се правда со тоа дека повеќе ќе остане во џебовите на граѓаните, но тоа никогаш не се случува. Кога држава се повлекува, некој друг ќе го заземе нејзиното место и тој го зема неземеното. Според Лазовски секогаш кога се намалува стапкатана ДДВ на едно добро или услуга се засилуваат апетите на сите останати учесници во прометот да барат помала стапка за своите добра и услуги. Теоријата на експртот е дека, во пазарна економија кога државата со повлекува со даноциете, односно е во дефанзива, не се остварува посакуавата цел. Само офанзивниот настап води кон остварување на целта.

„Треба уфрлање пари во секторот енергетика, а не обратно. Во многу земји има и акциза на електричната енергија, ама затоа пак градат енергетски капацитети и се извозници на електрична енергија. Се сеќавам на анализите правени за ,,Чебртен и ,,Галиште“ пред 20-тина години, дека се обезбедуваше вработување на околу 2.000 лица годишно додека се градат и дека 23-25% од инвестицијата како даноци и придонеси ќе се врати во Буџетот. Позитивните фискални импликации од вложуватата во енергетиката се импресивни. Наместо намалувањето на стапката на ДДВ, да си останеше иста стапка, а да се зголемат издвојувањата на енергетската сиромаштија (наместо по 600 денри да им се даде повеќе од тој износ) и за енергетска ефикасност (да се  доделуваат субвенции за набавка на инветори). Кога се намалува стапката на главниот промет – испораката на електричната енергија, тоа значи дека е намалена и стапката на споредните промети (импровизирам на пр. монтирање на броило, сервисирање и др.). Тоа значи дека се успорува целокупниот систем на ДДВ, а тоа пак носи зголемени трошоци во оданочуавање и зголемен  број на конфликти и судири меѓу даночниот орган и обврзниците. Кога се врши ,,даночна компензација“, во случајот се намалува ДДВ, а се воведува еколошка такса, вообичаено е намалувањето да се направи кај понесовремените видови даноци, (на пр. кај таксите, даноците на имот и др. на кои почетоците им се во феудализмот), а овде е направено обратно. Можело на пр. да се намалат поголем број на административни такси, кои ги имаме премногу. Намалувањето е направено кај технички најсовремениот вид данок – ДДВ“, смета Славко Лазовски експерт по даночна политика.

Активистите пак ја поздравуваат владината одлика за намалување на ДДВ-то на електричната енергија, но велат дека за вистински да се почуствува ефектот од оваа мерка, државата не смее да дозволи зголемување на крајната цена на електричната енергија. Според синдикалецот и активист Марјан Ристески, користењето на струјата не треба да биде луксуз, туку основна потреба на граѓаните вели. Тој предупредува дека доколку цената на струјата се зголеми добар дел од домаќинствата ќе имаат проблеми во плаќањето на таа обврска, со образложение дека илјадници граѓани останаа без работа во последниов период. Тој порача да проработи разумот пред да се носи било каква одлука за зголемување на цената на струата. Потребни се социјални мерки и реформи, а не зголемување на цените на енергенсите како што се најавува за периодот што следи.

„Сите се сеќаваме како сега компаниите кои бараат покачување на цената на струјата беа ситуирани финансиски во претходниот период. Кога имаа големи финансиски придобивки, се расфрлаа со пари, да не се навраќаме на кожните карнитури, расфрлање, недомаќинско работење. Тие раководители кои се на тие компании владата мора да ги притисне малку да работат поодговорно, подомаќински“, вели активистот Марјан Ристески.

Во следниве неколку дена треба да биде формирана и новата цена на електричната енергија. ЕВН Хоум кој е Универзален снабдувач со струја за граѓаните веќе го објави тендерот за набавка на струја со која треба да ги снабдува граѓаните. Клучниот збор ќе го има државната енергетска компанија  ЕСМ која треба да понуди најмалку 70 отсто од потребната струја, а останатите да се набават од другите играчи на слободниот пазар со електрична енергија. Во цената помеѓу повисоки стапки од кои би зависела крајната цена ќе бидат и признаените трошоци на останатите енергетски компании во земјава како ЕЛЕЛМ и Електродистрибуција, од страна на регулаторот. Лани струјата поскапе за нешто повеќе од седум отсто.

Превземено од denar.mk

ПретходнаПрестрелка во скопска Стара Чаршија, едно лице е повредено
СледнаОвa се најскапите градови во светот за странски работници