Дали короната ја забрза „смртта“ на готовинското плаќање

Во Германија, сè повеќе луѓе користат безготовински начини на плаќање. Пандемијата само го забрза тој тренд. Експертите предупредуваат на можни ризици – особено кога станува збор за заштита на податоците.

Еден германски ланец на пекарници (со најголем промет во земјата) се најде на насловните страници на почетокот на јуни минатата година. Компанијата, со седиште во мал град во близина на Дизелдорф, им понуди на клиентите „иновациски попуст“ од 3% – за сите оние кои плаќаат без готовина за леб или колачи што ги купуваат. Всушност, оваа пекара само го „префрлила“ попустот на клиентите, односно намалувањете на ДДВ (од 19 на 16 проценти), беше една од корона-мерките на германските власти за помош на економијата, односно на граѓаните. Објаснувањето беше: плаќањето со картичка или паметен телефон не само што е побрзо, туку е и хигиенски поприфатливо, пишува DW.

Google search engine

Кампањите на компанијата се само еден од бројните примери за начини на кои германските компании и продавници сакаат да ги охрабрат клиентите да „преминат“ на безготовински плаќања. И веќе некое време е во тренд, можеше да се види уште пред пандемијата.

Прва година во која во Германија е забележано дека поголем дел од луѓето користат картички при купување или плаќање е 2018 година. Во минатата година, продавниците оствариле 56% од прометот преку безготовинско плаќање. Во споредба со другите европски земји, ова не е толку многу, Германија е некаде на средината.

Во Луксембург, Франција или Естонија, луѓето плаќаат почесто со картичка. На самиот врв на скалата се скандинавските земји. Таму, многу хотели, барови или продавници воопшто не сакаат да прифаќаат плаќање со монети и банкноти. Во Шведска, 82% од луѓето плаќаат безготовински.

Политичка цел – безготовинско плаќање

Низ целата Европска унија, електронската наплата се „рекламира“ како безбеден и брз начин на плаќање, односно како „хигиенска мерка“. Притоа Европската комисија не и пречи фактот дека воопшто нема докази дека монетите или банкнотите навистина претставуваат значителен ризик од ширење на вирусот.

Пандемијата покажа колку е практична безготовинскиот начин на плаќање, тврдат од Брисел. И затоа ЕУ и во иднина ќе продолжи да ги охрабрува безготовинските начини на плаќање. Шефот на Комисијата, Урсула фон дер Лајен, ги прогласи дигитализацијата и безготовинските начини на плаќање како врвни приоритети – веднаш по заштитата на климата.

Оливер Хомел е експерт за платен промет во компанијата Accenture, една од најголемите светски консултантски куќи. Овој економист е убеден дека трендот на користење на безготовински начини на плаќање во Европската унија ќе продолжи. Од една страна, „луѓето се навикнаа на придобивките“ од овој начин на плаќање, а од друга страна, „дури и пред корона-кризата, резервираноста на трговците во врска со плаќањата со картички значително опаднаа.

Политичката волја е тука, политиката сака и охрабрува промени во начинот на плаќање, а резултатите се гледаат во секојдневниот живот: благодарение на правилата на ЕУ, компаниите кои нудат кредитни картички од 2015 година веќе не смеат да им наплатуваат на трговците толку високи провизии како во минатото.

Она што е предност за клиентите, за сопственикот на пекара во соседството или слична мала продавница може да стане проблем. Префрлањето на безготовинско плаќање вклучува одредени трошоци. Компаниите кои сервисираат банкомати бараат од нив да покриваат провизија од остварениот промет при плаќање со дебитна картичка, додека со кредитни картички таксата може да биде уште повисока. Големите ланци за попусти или продавници можат да се договорат за поповолни услови, или можат да се договорат за еден вид „flatratea“.

Можни ризици

Што се однесува до клиентите, експертите првенствено гледаат проблеми со заштитата на податоците.

Оливер Хомел вели дека ова е особено точно за варијантите за плаќање со помош на паметен телефон, односно во оние ситуации кога PIN-от мора да биде внесен на тастатурата за време на процесот на плаќање. Ова е особено случај со таканаречената NFC комуникација. Оваа техника се користи главно за бесконтактно плаќање на помали износи.

Многу бензински пумпи или продавници со попусти се опремени со такви уреди за плаќање со картички кои немаат контакт, односно читачи на NFC. И за да може телефонот да се поврзе со уредот, потребно е да инсталирате една апликација. Колку е значаен овој начин на плаќање во меѓувреме, може јасно да се види во Холандија. Плаќањето со NFC е особено популарно. Од 2019 година досега е извршен најголем број трансакции, повеќе од плаќања во готово, односно класични плаќања со картички.

За Оливер Хомел, сето ова не е баш целосно непроблематично, бидејќи „мобилните уреди не се целосно заштитени од хакерски напади“. Покрај тоа, тој забележува дека луѓето кои купуваат работи на тој начин, откриваат и каде купиле. И, информациите за локацијата на набавките се проценуваат и складираат од некои апликации, од безбедносни причини.

Каде може да доведе сето ова? Хомел го објаснува ова со примерот на САД: „Таму Google веќе има пристап до голем број на податоци за кредитни картички и може да ги користи за да насочи рекламите токму до нив, да ги анализира и поскапо да ги продава“.

Превземено од denar.mk

 

- АУДИО РЕКЛАМА -

WordPress хостинг со врвни перформанси за веб страни кои значат бизнис. 24/7 телефонска подршка.