Дали електричните автомобили се „почисти“ од дизелите?!

Најголемиот проблем со електричните автомобили е што батериите се произведуваат во Кина, а во таа земја за работа на фабриките електричната енергија се добива од електрани на јаглен

Реклама

Со потрошувачка од 17,6 kWh / 100 km (батерии од Кина, инсталација во Европа), балансот на СО2 по електрично возило се постигнува дури по 300 000 километри во однос на дизел автомобилите (гориво В7, потрошувачка: 4,5 l/ 100 km). Ова е заклучок на Здружението на германски инженери, кое обединува експерти за електромобилност, но и експерти за мотори со внатрешно согорување. Оваа асоцијација спровела обемно истражување за емисиите на јаглерод диоксид во производствениот процес и работата на електричните автомобили (потрошувачка на енергија, загуби при полнење) и возилата со дизел мотори.

Најголемиот проблем со електричните автомобили е што батериите се произведуваат во Кина, а во таа земја за работа на фабриките електричната енергија се добива од електрани на јаглен кои испуштаат огромна количина на СО2 во атмосферата. Електричните автомобили веќе „емитуваат“ 60 проценти од емисиите на СО2 во атмосферата за време на производството, односно пред да излезат на патиштата.

Здружението на германски инженери заклучува дека производството на батерии мора да биде организирано во Европа, која има многу поповолен енергетски микс од Кина. Една од насоките за развој, покрај електричните возила, би бил и развој на синтетички горива, со кои би се анулирале штетните емисии.

Реклама