Дали е вистина дека пушачите поретко заболуваат од Ковид-19? Еве што велат резултатите од новото истражување

Британските истражувачи ја решија дилемата која ги мачеше многу од луѓето.

Од почетокот на пандемијата на коронавирусот се водеа полемики дали луѓето кои пушат цигари ќе бидат заштитени од инфекцијата на новиот коронавирус и потежок облик на Ковид-19.

Реклама

Мислењата беа поделени – додека едни тврдеа дека белите дробови на пушачите се „доволно моќни“ да се спротивстават на инфекцијата, други предупредуваа дека на пушачите ќе им се случи токму спротивното.

Во Велика Британија било спроведено истражување на оваа тема. Истражувачите предводени од д-р Ешли Клифт од Универзитетот Оксфорд анализирале податоци од 13.446 луѓе кои спровеле молекуларно тестирање на новиот коронавирус. Од тој број 1.649 биле позитивно тестирани, 968 хоспитализирани, а 444 ја загубиле битката против Ковид-19.

Како што пренесува грчката новинска агенција, 59 отсто од испитаниците не биле пушачи, 37 отсто биле поранешни пушачи и само 4 отсто биле активни пушачи од кои 71 отсто пушеле од една до 10 цигари дневно, а 29 отсто повеќе од 20 цигари дневно.

Истражувањето покажало дека во споредба со непушачите, луѓето кои пушат цигари во просек 80 отсто почесто биле хоспитализирани.

Реклама