Леталото кое во четвртокот доцна навечер паднало во широкиот центар на Загреб е од руско производство, но засега не е познато дали припаѓа на руската или украинската војска, соопштил хрватскиот премиер Андреј Пленковиќ.
Од друга страна, владата објавила информации дека станува збор за беспилотно воено летало и дека според собраните податоци, во хрватскиот воздушен простор влегло од насока на исток кон запад, односно од воздушниот простор на Унгарија, со брзина од 700 километри на час на висина од 1.300 метри.

Се претпоставува дека станува збор за “VR-2 Striž/Tu 141”
Концернот “Тупољев” кој е познат по производство на стратегиски бомбардери го направил и стратегиското беспилотно летало “јастреб” со дострел од 3.800 километри. Станува збор за извидничко беспилотно летало. Планот на Тупољев бил да се направи летало кое би изведувало извиднички летови на Западот, зад “Гроздената завеса” во длабочините на територијата на НАТО.
Верзијата “Tu-141” се користи за оперативно извидништво и се лансира со посебни приколки “TPU-141”. Освен летала и лансери, постои и транспортно возило “TZM-141”, систем за контрола на “TPU-141” и станица за обработка и дешифрирање на информации “POD-3”
Поранешната Советска армија во своето вооружување имала дури 152 вакви летала. По распадот на СССР тие останале во вооружувањето на руската, но и украинската војска, со таа разлика што Русите го исфрлиле од оперативна употреба пред нешто повеќе од 10 години. Дали повторно го вратиле во оперативна употреба поради инвазијата не е познато, иако и таа опција постои.

Тактичко технички податоци
Конструктор: ОКБ Опит (АНТК Тупољев
Произведувач: Вороњежки авијациски завод
Намена: Извидничко беспилотно летало
Погон: Турбомлазен мотор КР-17А
Димензии: Должина 14,33 метри; распон на крила 3,87 метри; висина 2,43 метри
Во вооружувањето на Советската армија е од 1976-та, а сериското производство течело од 1978-1983 година. Преостанатите летала меѓусебно ги поделиле Русија и Украина.



