Нов скок во случаите на инфекција со коронавирус во Грција. Денес беа забележани нови 2017 случаи регистрирани во последните 24 часа, што го потврдува трендот на пораст од минатата недела, пишува Катимерини.
Вчера, Националната организација за јавно здравје објави дека се регистрирани нови 1.820 случаи, а во вторникот – 1.797 случаи.
Националната организација за јавно здравје денес соопшти дека 10 лица починале од коронавирус во последните 24 часа, а 153 пациенти се на апарати за дишење во единиците за интензивна нега.
Вкупниот број на случаи со коронавирус во Грција од почетокот на пандемијата достигна 433.021, а бројот на смртни случаи од оваа болест изнесува 12.773.