Роман Абрамовиќ се повлече од Челзи поради војната во Украина и реши да им го препушти раководството на клубот на своите соработници, а последните информации наведуваат дека еден од најпознатите руски бизнисмени веројатно знаел дека ќе има војна.
Имено, на 16 февруари, осум дена пред одлуката на Русија да ја нападне Украина, Абрамовиќ купил околу 29 отсто од акциите на „Евраз“, компанија која произведува челик што се користи за производство на тенкови, откри британски Дејли Мејл.
Roman Abramovich has a large shareholding in the Russian steelmaking firm whose materials are used to make the TANKS | @ianherbs & @SamiMokbel81_DM https://t.co/KLMx7VboDc
— MailOnline Sport (@MailSport) March 1, 2022
Русинот наводно префрлал средства од сметката на Девствените Острови на компанијата „Евраз“ од повеќе причини, а една од нив е потенцијалните санкции.
“Постоеше огромен ризик офшор компаниите да бидат предмет на санкции. Челикот на „Евраз“ се користи за производство на тенкови, меѓу другото. Таа компанија е многу важна за руската воена индустрија и воените планови”, изјави за Дејли Мејл програмскиот директор за Евроазиј во Варшавскиот институт Гжегож Кучински.
Ако оваа информација е точна, тогаш Абрамовиќ очигледно однапред знаел дека ќе има напад.
Да потсетиме, тој најави дека ќе го продаде Челзи, откако клубот го презеде пред речиси 20 години и во тој период создаде вистинска фудбалска империја.