Многу познати личности од јавната сцена пред да станат познати мораа да се занимаваат со разни работи кои главно немаат врска со нивните моментални кариери.
Интересен е податокот дека повеќето естрадни уметници можат да се пофалат само со основно образование, некои со завршено средно образование, а многу мал е бројот на оние кои припаѓаат на групата академски граѓани, но тоа секако не спречи нив од постигнување голем успех.
Лепа Брена работела како бебиситерка!
Веројатно на многумина им е тешко да поверуваат, но можеби најголемата женска ѕвезда на нашите простори, Лепа Брена, во младоста работела како бебиситерка, а додека студирала туризам се грижела за пејачката Ана Штајдохар.
Слоба Радановиќ работел како обезбедување
Слоба Радановиќ денес е еден од најбараните пејачи на домашната музичка сцена. Јавноста го запознала за време на неговото учество на музички натпревар, но пред да стане успешен на сцената, Радановиќ морал да се пронаоѓа на различни начини, па во еден период од животот работел и како обезбедување.
Сања Маринковиќ пред да стане новинарка била пекар!
Водителката Сања Маринковиќ со години се занимава со новинарство, а студиите ги завршила во Белград, а за да си обезбеди финансиски средства била принудена да работи во пекара.
Индира Радиќ била медицинска сестра
Пред да дојде во Србија и да стане позната пејачка, Индира Радиќ живеела во Загреб, каде работела како медицинска сестра во болница, но и покрај неодобрувањето на нејзините родители да се занимава со јавна работа, таа сепак се борела низ тој трнлив пат и сега може да се пофали со фактот дека нејзините песни се незаменлив дел од секоја прослава.
Емина Јаховиќ отсекогаш се занимавала со јавна работа
Пејачката отсекогаш сакала да биде позната, па за време на средното училиште хонорарно работела во ТВ Нови Пазар каде ја вршела временската прогноза.