Претседателот на Комисијата за заразни болести, д-р Александар Петличковски, вечерва во гостување на ТВ Сител, информираше дека досега во земјава има шестмина починати од коронавирус кои биле вакцинирани со три дози на вакцина.
„Според извештаите, во јануари шестмина вакцинирани со три дози вакцина починале, од кои најмладиот е 48-годишен човек. Четворица од овие шестмина имале коморбидитети како карцином, дијабетес и нарушено здравје“, изјави д-р Петличковски во гостувањето на ТВ Сител.
Според д-р Петличковски, постојат повеќе причини зошто имаме висок број на починати лица од почетокот на пандемијата, а меѓу нив се влошеното здравје, недоволниот опфат на имунизација, недостаток на медицински лица.
„Сакам да упатам апел лекарите да не даваат антибиотици на заболените во првите четири дена со инфекцијата“, изјави д-р Петличковски, додавајќи дека клиничар доктор треба да процени кога и дали има потреба од тестирање и проверка на крвна слика.
„Се тестира и кога треба и кога не треба. Треба да се направат индикации кога треба да се анализираат д-димери“, додаде д-р Петличковски.