Д-р Пановски: Границите беа отворени, се дозволија свадби на затворенo, а приватните лаборатории се збогатија

Експертот од областа на медицината кој се активираше во јавноста во овие години на Ковид-19, д-р Никола Пановски, гостуваше во „Утрински Брифинг“ и говореше за состојбата со коронавирусот во Македонија.

„Делта сојот го дочекавме со сите почести, имавме неверојатно смирена состојба. Така прават Кинезите – кога немате случаи тогаш се преземаат мерки. Границите беа ширум отворени, во летно време се дозволија свадби по затворени простори. Делта сојот ќе се ширеше полека ако се преземеа мерки. Секако ќе го доживеевме ударот, ама немаше да мора да се отвораат модуларните болници, а и сега веројатно ќе имаме помал бран.

Google search engine

Кога има пандемија државата ја води државата, а не граѓаните. Наместо овие тестови со кои се тестираат здрави деца по училиштата да се испратат кај настинати деца ќе беше многу попаметно. Приватните лаборатории во меѓувреме се збогатија. Јас знам колку чинат тестовите и знам дека може да се работи со интерес со многу пониска цена. Ако ги симнеа цените во јуни лани, ЕК ќе ни ги дадеше тие пари. Вака, ни рекоа сте штеделе и еве ви помалку пари. Значи, нема финансиско оправдување за тоа. Излегува тој што има пари ќе се тестира и ќе го купи лекот, оти нема поента тестирање да ви закажат по седум дена, а лекот се пие во првите пет“, вели д-р Пановски, пренесува „Слободен печат“.

Д-р Пановски вели дека се работи за огромна финансиска штета и дека не мора прележаните да ги тераат да се вакцинираат по 45 дена.

„Лекарската комора молчи, има сѐ уште инфектолози кои препишуваат антибиотик веднаш штом ќе дојде пациент. Исто е и со вакцинирање на прележани. Се даваат двојни токсични дози антибиотик. На 40.000 пациенти им дале 70.000 дози, а имало само 20.000 случаи. Ако за сето ова молчат стручните здруженија не ни се пишува добро“, додава д-р Пановски.

„Има протокол за лекување, но никој не го објавува. Мене ми го прати протоколот д-р Докиќ лани во ноември. Сега секоја болница има свој протокол. Д-р Докиќ вели дека смртноста во нивниот ковид центар е 25%, тогаш смртноста кај другите којзнае колкава е за да се дојде до 50%. Матичните лекари треба да престанат да даваат антибиотици со причина да не се спуштело на бели дробови. Мора да има образложение за примена на лек, а лекови на своја рака треба да се платат приватно и одговорноста е кај пациентот“, додава д-р Пановски.

ПретходнаНа кого можеби ќе му биде потребна четврта доза вакцина против Ковид 19 !?
СледнаНаставничка имала сексуален однос со ученик, па се пофалила: „Знаете какви се момчињата во тие години“