Д-р Несторовиќ: „Во светот владее манија на земање суплементи, а сè што ви е потребно имате тука“

Одамна е познато дека најдобрите лекови за лекување на настинка и грип ги прават нашите баби. На тоа мени можат да се најдат карамелизирано млеко (познато и како прегорен шеќер), мелем од мед, лук и лимон, домашни сирупи…

Денес речиси и забораваме дека за секоја болест има и лек во природата. Д-р Бранимир Несторовиќ за „ТВ Прва“ дал неколку рецепти кои го подобруваат имунитетот, а сите состојки можете да ги најдете во вашата кујна.

Google search engine

Докторот уште на почетокот на разговорот побил еден мит во кој речиси сите веруваме.

„Витаминот Ц најмногу се состои во свежата пиперка. Повеќе витамин Ц има во пиперката отколку во лимонот. Луѓето мислат дека сè што е кисело содржи витамин Ц, а тоа е всушност ефект на лимонска киселина“, изјавил тој.

 

Исто така, на човечкиот организам не му е потребна голема количина на витамин Ц во денот.

„Тоа е некоја заблуда која важи затоа што витаминот Ц навистина е корисен за многу болести, но само интравенски. Тоа е затоа што витаминот Ц има свое плато на апсорпција до 1 грам. Кога ќе внесете повеќе од 1 грам, витаминот не се апсорбира туку се излачува преку мокрење, што дополнително ги оптоварува бубрезите. Потребната дневна доза е 50 милиграми, тоа е да речеме едно јаболко дневно“, вели д-р Несторовиќ.

Медот непогрешливо помага при кашлица, а постои јасна научна причина за тоа.

„Медот е најдобар лек за кашлање бидејќи рецепторите за кашлица се всушност рецептори за слатко. Сè што е слатко, може и карамелизиран шеќер, исклучително добро делува на сите видови кашлица“, вели познатиот доктор.

„Околу 25 отсто од лековите кои ги имаме во промет се од растително потекло“, додал тој и истакнал дека е лошо што со потсмев се гледа на лекувањето со билки.