Проф. д-р Нико Беќаровски го искажа својот став во врска со омикрон сојот на коронавирусот, а тоа го сподели на социјалната мрежа Фејсбук.
„Сите релевантни и независни укажувања сугерираат дека омикрон е со многу поблаги симптоми и шансите да завршите во болница се околу 80% помали, од моментално доминантната делта варијанта во Македонија“, го започна објаснувањето проф. д-р Нико Беќаровски на својот Фејсбук профил, па продолжи:
„А ЗОШТО СЕ КРЕВА ТОЛКАВА ПРАШИНА И ВЛЕВА СТРАВ ???
Ако во моментов Ние имаме околу 500 новозаразени дневно, кои нашиот здравствен систем успешно ги апсорбира, тоа би значело дека од #ОМИКРОН варијантата, здравствениот систем успешно би апсорбирал и до 4000 новозаразени, бидејќи заболените воглавно би лежеле дома.
КАДЕ Е ТОГАШ ПРОБЛЕМОТ???
Ако просечното траење на Ковид-19 е околу 10 дена, тоа значи дека СЕКОЈ ДЕН во подолг временски период би имале околу 40.000 АКТИВНИ СЛУЧАИ, што мора да се согласиме дека може да создаде сериозни економски импликации и ГОЛЕМ БРОЈ НА ОТСУТНИ РАБОТНИЦИ од своите работни места.
Токму затоа, поради сериозните импликации врз бизнисот е големата паника која владее во ЕУ и САД, од Omicron-чето.
Човекот во западната цивилизација, одамна ја изгуби битката со неговото височество профит“, го заврши својот став д-р Беќаровски.
Инаку, во државите низ светот забрзано се шири омикрон сојот на коронавирусот, но кај нас засега не е регистриран ниту еден случај на истиот.
Во меѓувреме надлежните повикуваат на помасовна вакцинација која претставува единствениот реален излез од пандемијата.