Филантропот Бил Гејтс изјави дека се потребни големи истражувачки трудови и десеттина милијарди долари за светот да биде подобро подготвен за наредната пандемија.
Гејтс тврди дека таа би можела да биде поопасна од Ковид-19
Изјавил дека е „целосно ужаснат“ од бројките на смртни случаи од Ковид-19 и економската штета поради пандемијата и дека треба да се финансира работата на подобрување на вакцините, третманите и дијагностичките тестови кои ќе бидат потребни за сузбивање на следната пандемија.

Тој исто така изјавил дека е незадоволен од тоа што не се направени вакцини кои целосно ќе го оневозможат заразувањето.
„Имаме вакцини кои ни го чуваат здравјето, спречија во мала мера трансмисија на вирусот. Потребни ни се нови начини на изработка на вакцините“, напоменал Гејтс.
Гејтс го критикувал и тоа што нема доволно ефикасни третмани за Ковид, додавајќи дека дексаметазонот и новите антивирусни лекови, како молнупиравирот можат да помогната во тоа.
Гејтс предупредуваше на пандемијата уште во 2014 година
Гејтс, кој во емисијата TED во 2014 година го предупреди светот дека не е подготвен за следните пандемии, изјави дека се надева дека за пет години ќе напише книга за тоа дека тоа веќе не е случај.

„Ќе бидат потребни милијарди долари во вложувања и истражувања, како и развој и веројатно околу милијарда годишно за работниците за пандемијата на ниво на СЗО“, изјавил Гејтс.
„Постојат природни предизвикувачи на епидемии и оние предизвикани со битероризам кои би можеле да бидат полоши од она што го живееме денес. Развојот на медицинската наука треба да ни ги даде вистинските алатки. Значи, тоа треба да ни биде приоритет. Следната година е таа во која мораме да издвоиме пари за проекти“, изјавил Гејтс во 2014 година.