Чудо на Канарските острови: Вулканската лава уништуваше се пред себе, освен една куќа (видео)

Вулканската ерупција на Ла Палма уништи стотици куќи. Само една преживеа во целиот тој хаос. Неверојатна сцена пристигна од Канарските Острови – опкружена со море од лава, по ерупцијата на вулкан на Ла Палма, една куќа остана нечепната.

Корисниците на социјалните мрежи тоа го нарекоа „чудо“. Сопствениците на куќата, пензионирана данска двојка, која не е на островот, се воодушевени што нивната куќа е се уште недопрена.

Google search engine

Почнаа да плачат кога им реков дека нивната сакана куќа е недопрена, изјави за Ел Мундо, архитектката на куќата Ада Моникендам.

Чудотворната куќа се наоѓа во Ел Параис, каде што беа уништени повеќе од половина од зградите, вклучувајќи го и училиштето. Двојката ја избра Ла Палма затоа што им се допадна вулканскиот пејзаж, рече Моникендам, додавајќи дека „и е жал што куќата сега е напуштена и дека нема никој што може да се грижи за неа“.

Вчера, лавата значително го забави својот тек, што предизвика стравувања дека може да се прошири понатаму на островот и да уништи повеќе куќи, наместо та истече целосно во морето.