На социјалните мрежи се шири снимка од подземната железница во Њујорк која прикажува суштество налик на вонземјанин, но постои разумно објаснување за тоа.
Видеото од т.н. вонземјанин во еден од најпрометните градови на светот предизвика големо внимание на интернет, а некои се пошегувале дека треба да му се јават на Вил Смит.
„Вонземјанинот“ имал сино-зелена кожа, голема ќелава глава, изобличени уши и црни очи, како што луѓето класично ги замислуваат овие суштества. Носел широка маица со кратки ракави на која имало слика од планетата Земја со натпис „Сакај ја својата мајка“, а луѓето го воочиле на повеќе локации во Њујорк и тврдат дека се користи само со гестикулации за да комуницира со нив.
WTF ? An #alien was spotted in New York on the subway. #ufo #alien #newyork #subway We need to call Will Smith. pic.twitter.com/xKnM6OdAPD
— Pan (@antony67) August 13, 2023
Набрзо се појавија мноштво луди теории, како што е обичај, но постои разумно објаснување.
Имено, откриено е дека „вонземјанинот“ кој талка низ Њујорк е всушност дел од промоцијата за новиот филм „Jules“ кој излезе на 11-ти август.
Станува збор за научно-фантастична комедија која го следи 79-годишниот Милтон Робинсон чиј живот се менува кога НЛО ќе слета во неговата градина во Пенсилванија.