Чудни детали од животот на Тесла: Јадел само двапати дневно, но никогаш од кружна чинија – имал причина за тоа

Пред 165 години, на 10 јули, роден бил Никола Тесла. За речиси еден век и половина скоро сите приказни за него се раскажани.

Подолго од две децении Милијан Стојаниќ, инспириран од Тесла се занимавал со истражување на менито на најумниот научник.

Google search engine

„Млеко, млечни производи – тоа никогаш не изостанувало и тоа најмногу го консумирал Никола Тесла и сè останато од растително и животинско потекло. Јадел јагнешко месо кое сакал готвачите од Америка да му го подготвуваат“, изјавил Стојаниќ.

Меѓутоа, во 65-та година од животот Тесла месото целосно го исфрлил од исхраната поради проблеми со простатата, па се фокусирал на јадења од растително потекло со разни комбинации со целер.

„Тоа што него го водело низ животот биле млечните производи, медот, коњакот, односно вискито, малку вино, но сè со мера. Значи Никола Тесла јадел двапати дневно, без оглед во кој дел од светот се наоѓа. И тоа што Тесла им го зборувал на сите – немојте да се прејадувате и немојте да брзате кон оној свет“, додал Стојаниќ.

Тесла никогаш не јадел од кружна чинија

„Никола Тесла кога бил мал не умеел да пишува и црта со десната рака, туку сè правел со левата рака и многу тешко цртал кругови, а потоа кога наставниците барале тоа да го направи, а тој не можел, истото го замразил, па никогаш не јадел од чинија со кружен облик“, вели Стојаниќ.

Растејќи како дете на православен свештеник, популарниот научник се придржувал до навиките кои ги стекнал во детството.

Покрај специфичната исхрана, Никола речиси цел свој живот постел. Па, така до крајот на својот живот носел ист конфекциски број.

ПретходнаПо 15 години Италијанците славеа титула, погледнете дел од атмосферата
СледнаВидео: Натрапник го прекина финалето на „Вембли“, редарите се намачија да го фатат