Чудна причина поради која е отстранета восочната фигура на Путин

Музејот на восочни фигури во Париз ја отстрани фигурата на рускиот претседател Владимир Путин откако била оштетена од страна на посетителите, во знак на протест поради руската инвазија на Украина.

Од музејот сега размислуваат фигурата која била направена во 2000-та, да ја заменат со моделот на украинскиот претседател Зеленски.

Google search engine

„Денес веќе не е можно да се претстави лик како него (Путин)…за прв пат во историјата на музејот повлекуваме статуа поради историските настани кои моментално се одвиваат“ изјави директорот на музејот, Ив Деломо.

Тој додаде дека восочната фигура изгледа неуредно откако била вандализирана во текот на викендот.

„Со оглед на тоа што се случи, ние и нашиот персонал не сакаме да му ја поправаме косата и изгледот секој ден“, рече тој.

Запрашан кој сега би можел да го замени Путин на празното место, помеѓу статуите на американскиот претседател Џо Бајден и кинескиот претседател Си Џинпинг, Деломо рече дека тоа можеби е Зеленски од Украина.

„Можеби претседателот Зеленски ќе го заземе неговото место… тој стана херој затоа што се спротивстави и што не избега од својата земја. Совршено може да го заземе своето место меѓу големите луѓе на историјата и денес“, рече тој.

Во 2014 година, по руската анексија на Крим од Украина, демонстрантка со „Убиј го Путин“ насликана низ нејзините голи гради, ја прободе восочната фигура на Путин и и ја скрши главата.

ПретходнаРијана во најразголено трудничко издание досега: На ревија се појави во долна облека
СледнаПред да се појави во хит серијата, била актерка во филмови за возрасни