Чудесно овошје кое може да излечи пет проблеми

Бананите во себе имаат три различни видови на шеќер и голема количина на влакна. Поради тоа, ова овошје брзо дава енергија, но и отстранува неколку здравствени проблеми подобро од лековите.

Не дозволувајте високата калориска вредност да ве залаже, бананите се вистинска суперхрана!

Google search engine

Еве кај кои проблеми наместо таблети можете да консумирате банани и веднаш ќе почувствувате подобрување:

1.Тврда столица

Бананите содржат пектин, кој го забрзува варењето на храната и тешките метали во телото. Освен тоа, нејзиното делување е пробиотско и ја стимулира работата на цревата. Сите овие фактори ја поттикнуваат работата на цревата и ја намалуваат надуеноста, додека влакната ги будат цревата и делуваат како природен лаксатив во случај на тврда столица.

2.Стрес

Го нарекуваат болест на модерното време, бидејќи непрекинато остава големи последици на нашето здравје, стресот го забрзува метаболизмот, при што се намалува нивото на калиум во организмот. Рамнотежата можете да ја постигнете со помош на една банана, која во себе содржи доволно калиум, кој ќе помогне во нормализацијата на отчукувањето на срцето, испраќањето на кислород во мозокот и регулирањето на оптималната количина на вода во телото.

3.Висок притисок

Познато е дека големото внесување на натриум, а малиот внес на калиум има негативно влијание врз крвниот притисок. Поради тоа важно е на телото да му обезбедите голема количина на калиум, кој го има во бананата. Секое утро се препорачува да изедете една банана, која притисокот ќе ви го одржува преку целиот ден.

4.ПМС

Бананите се богати со витамин Б6, кој поволно влијае на нивото на шеќер во крвта, а докажано е и дека помага во периодот на ПМС со што успешно го намалува проблемот со болката и напнатоста во градите, промените на расположението и акумулацијата на вода во телото.

5.Депресија

Бананата содржи тритофан, облик на протеин кој го забрзува ослободувањето на серотонин, познат како хормон на среќата. Имено, само една банана е доволна за нивото на серотонин да се зголеми, по што настапува чувство на смиреност и задоволство.

- АУДИО РЕКЛАМА -