Човекот што стана најпопуларна Тик-Ток ѕвезда без да изговори нути еден збор

Каби Ламе за многу кратко време стана една од најголемите ѕвезди на социјалната мрежа Тик-Ток, а сето тоа благодарејќи на неговите уникатни видеа на кои снима негови реакции на чудни и бескорисни трикови од други корисници на Тик-Ток.

Тој е роден на9 март 2000 година во Сенегал, но неговото семејство одлучило да се пресели во Италија во 2001 година. Каби пораснал во изнајмен стан кој на неговото семејство им бил доделен од центарот за социјални грижи. Откако завршил средно училиште, почнал да работи во компанија за производство на компјутерска опрема.

Google search engine

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Khaby Lame (@khaby00)

Работата ја изгубил во март 2020 година поради коронавирусот, па се одлучил да започне да снима видеа за Тик-Ток.

Славата ја стекна на почетокот на април 2021 година, а неговите видеа се уникатни бидејќи тој не изговара ниту еден збор, односно се “неми”. Неговите видеозаписи многу брзо станаа вирални и денес брои повеќе од 90 милиони следбеници на Тик-Ток, што значи дека е попопуларен од Кајли Џенер, Двејн Џонсон и Вил Смит.

@khaby.lamme05

‘‘Wash’’ is also simple man. Don’t waste your precious time 🤲🏾.Laversi è semplice, non perdere il tuo prezioso tempo.🤲🏾#learnontiktok #learnfrom

♬ suono originale – Khabane lame

Се смета дека италијанецот би можел да ја надмине и најславната тик токерка Чарли Дамилио, која моментално има 120 милиони корисници. Неговиот успех не помина незабележано, па многубројни компании му нудат соработки.

Иако веќе заработува голема сума на пари, Каби рекол дека сѐ уште нема доволно средства за да ѝ го оствари сонот на својата мајка, односно да ѝ купи куќа.

@khaby.lame

Bro here your frikin’ SIX 🤣 🎲🤣Bro ecco il tuo maledetto SIX!🤣🎲 #learnfromkhaby #LearnWithTikTok #ImparaConTikTok

♬ suono originale – Khabane lame

ПретходнаСноуден проговорил за шпионскиот софтвер: Открил колку е “Пегаз” навистина опасен
СледнаЗоолошката градина во Скопје добива 7Д-кино