Човек се запали пред зградата на Владата во Белорусија: Луѓе веднаш дотрчаа да го спасат (ВИДЕО)

35-годишен маж денеска се запали пред зградата на Владата во Белорусија во центарот на Минск, во близина на споменикот на лидерот на бољшевичката Октомвриска револуција, Владимир Илич Ленин.

Лицето итно било пренесено во болница откако случајни минувачи и полицајци дотрчале да му помогнат и го изгасиле пламенот користејќи противпожарен апарат.

Google search engine

Неговите мотиви засега не се познати, но западните медиуми пренесуваат дека можеби има некаква поврзаност со протестите против Александар Лукашенко.

Имено, од одржувањето на претседателските избори во Белорусија минатата година, траат протести на опозицијата, а опозиционерите обвинуваат за изборна измама и местење на изборите во корист на шефот на државата.