Во последниве неколку години програмите за детоксикација станаа популарни на интернет.
Тие ветуваат чистење на телото од токсини, губење на телесна тежина, чувство на леснотија, свежина на лицето, ослободување од осип на кожата и многу други резултати.
Но, самата идеја за детоксикација на телото активира многу прашања – овојпат откриваме четири митови за детоксикација во кои е време да престанеме да веруваме.
Мит бр. 1: На телото му треба помош со детоксикација
Всушност, на телото не му е потребна програмата на детоксикација – нашето тело е дизајнирано да се чисти само. Најважната работа која може да ја направите е да му помогнете на телото да ги исфрли токсините и да се грижите за џигерот. Тоа значи да се придржувате до здрава исхрана за да не го напрегате многу овој орган. Џигерот е „машина“ за детоксикација.

Мит бр. 2: Детоксикацијата може да го подобри здравјето
Доколку премногу јадете, со текот на времето може да го оштетите џигерот. И ниту една детоксикација не може да ви го подобри. Пржената храна и слатките пијалаци џигерот не ги обработува како што треба. Еднаш кога оваа маст ќе почне да се акумулира, останува засекогаш. Дури и доколку ослабнете, маснотијата ќе остане во вашиот џигер. Алкохолот исто така ја влошува ситуацијата. Здравата и растителна храна која е составена од немасни протеини може да биде алтернатива за детокс.
Мит бр. 3: Детоксикацијата е безбедна
Всушност детокс-диетите може да бидат многу опасни. На некои им е потребен пост, денови само на вода или пак сок, строга диета со овошје и зеленчук или пак употреба на разни билки и чаеви. Овие строги диети може да предизвикаат електролитска нерамнотежа, недостаток на витамини и минерали, дијареја и други стомачни проблеми, како и умор, депресија и проблеми со спиењето.

Мит бр. 4: Вишокот килограми се губи со детоксикација и повеќе не се враќа
Многу од поддржувачите на детокс-диетите сигурни се дека килограмите кои ги изгубиле во текот на диетите нема да се вратат долго време. Всушност, доколку диетата е привремена ќе има такви резултати. Може да изгубите неколку килограми, но тоа вообичаено е губење на вишокот течност и одредени масни наслаги, а не телесните масти. Кога повторно ќе почнете нормално да јадете, тежината се враќа.