Четири знаци дека телефонот ви е хакиран

Ви се случува нешто необично со телефонот? Ако се сомневате дека сте хакирани, проверети ги овие поставки.

Батеријата побрзо се празни од вообичаено

Google search engine

Ова е еден од најефикасните начини на кои може да проверите дали сте ‘хакирани’. Ако се загрева без причина (дури и кога не е на полнач), голема е веројатноста да се работи за апликација која е вклучена во позадина, дури и додека екранот е исклучен.

За да ја проверите потрошувачката на батеријата, треба да изберете Battery -> Battery Usage. Таму пребарајте дали има нешто необично, некои апликации кои ви се непознати или чудни процентни скокови.

Ако забележите нешто такво, рестартирајте го телефонот, сами вклучете ја апликацијата која ви ја троши батеријата и по потреба избришете ја.

Често ви излегуваат реклами

На разни начини може да се појават „pop-up“ реклами. Сега веќе станува збор за рутина да ги исклучуваме, да знаеме кога можат да се појават и каде. Најдобро што може да направите е да пронајдете која апликација ви испраќа реклами (или веб сајт ако е интернет прегледувач во прашање) и потоа исклучете го.

Чудни трансакции

Се разбира, ако забележите необични изводи од банка, односно трансакции со ваша сметка за кои сте сигурни дека не сте ги направиле, голема е веројатноста дека сте жртва на хакери.

За да направите сè што е во ваша моќ за да спречите кражба на податоците од банка, пред да им дадете ваши податоци од картичката на некоја интернет страница или апликација, проверете го нејзиниот SSL сертификат – тоа значи URL-то да почнува со ‘https’, пренесува порталот „Make Use Of“.

Сомнителни СМС пораки

Ако пријателите ви велат дека добиле некоја чудна СМС порака од вас, или ве контактира некој од непознат број поради наводни пораки кои сте му ги праќале, постојат големи шанси вашиот уред да е хакиран.

На овој начин, злонамерниот софтвер се обидува да се ‘прошири’, односно да се најде во што е можно поголем број уреди. Ако забележите некоја непозната апликација (која би можела да биде причинител за ова), задолжително забранете ѝ го пристапот и избришете ја.

- АУДИО РЕКЛАМА -