Лео Меси не престанува да објавува фотографии со трофејот на Светското првенство, а фотографиите го рушат Инстаграм.
Фудбалерот успеа да има дури четири слики од него меѓу петте најлајкувани слики во историјата на Инстаграм, а на три слики позира со својот пехар. Меси и неговиот трофеј го победија популарното јајце, па Аргентинецот сега е сопственик на најлајкуваната слика на Инстаграм.
View this post on Instagram
Меси и трофејот со кој спие во кревет се искачија на третата најлајкувана објава на социјалната мрежа, а Меси и трофејот во авион е петта слика со најмногу лајкови на Инстаграм.
View this post on Instagram
View this post on Instagram
И една од сликите на Роналдо е во првите пет, таа е на четврто место. Сепак, на него е прикажан и Меси. Станува збор за слика која фудбалерите ја направија за Луј Витон, а позирале играјќи шах на чантите на познатиот бренд.
View this post on Instagram