Чешки тајкун лудува на патиштата во Германија: Со својот нов автомобил Bugatti Chiron возел со брзина од преку 400 километри на час, полицијата му се закануваат со казна затвор! (фото)

Чешкиот тајкун, кој возеше преку 400 километри на час во новиот модел на автомобилот Bugatti Chiron на германски автопат, може да добие две години казна затвор, пренесуваат германските медиуми.

Досието е препратено до обвинителството и во тек е обвинителна постапка. Германската полиција соопшти дека станува збор за Ради Пасер, сопственик на брзиот автомобил, кој може да биде обвинет за повеќе прекршоци во сообраќајот.

Google search engine

Доколку случајот оди на суд, Пасер би можело да биде осуден на две години затвор. Пасер се снимил како вози на дел од германскиот автопат со рекордна брзина досега измерена на патиштата во Германија.

Чешкиот тајкун е познат по овие видеа, тој откако пред неколку години возеше 400 километри на час, сега го собори својот „рекорд“ и забележа 417 километри на час. На видеото се гледа како тој вози со „молскавична брзина“ и поминува покрај други автомобили.

Германските власти бараат соодветен начин како да ги спречат ваквите непромислени патувања и возења, односно со соодветна казна со која би се ставило крај на лудите возења по патиштата.

Обвинителството не обрнуваше внимание на зборовите на Пасер кој изјавил дека безбедноста му е на прво место и затоа прво извршил автосервис, а потоа се одлучил да вози по рамна делница со три ленти во време кога сообраќајот е најретко распространет.