Чеченија: Од воена зона до еден од најбезбедните региони во Русија

Иако сè уште се свежи сеќавањата на војната во Чеченија, сепак тамошните жители живеат мирен живот и тоа токму поради владеењето на Рамзан Кадиров.

Во продолжение, ви претставуваме интересни детали за оваа земја:

Google search engine

Во Чеченија секој полицаец е вооружен со пиштол и модернизирана автоматска пушка „Калашников“. Тие навистина знаат да ракуваат со оружје бидејќи ова е таква регија – со години во овие краеви владееја терористички банди, сè додека руските власти заедно со органите на редот не применија делотворна контратерористичка стратегија кон крајот на 2000-те години.

Наједноставниот начин да стигнете до Чеченија е со авионски лет од Москва до Грозни.

Овој регион пред само 10 години беше жариште на борбени делувања, но Чеченците се многу комуникативни и љубопитни луѓе. Тие никогаш немале прилика да пречекаат многу туристи бидејќи сè уште е свежо сеќавањето на неодамнешното минато, но се радуваат на секоја посета и прават сè за туристите да уживаат во убавините на нивната земја.

Чеченија како регион со мнозинско муслиманско население има одредени правила на облекување. Жените се облекуваат сведено и ги покриваат рацете и нозете, додека мажите не смеат да носат шорцеви и модерни маици.

Во Чеченија нема алкохол ниту цигари, а поради тоа жителите водат здрав живот. Нивните стремежи главно се поврзани со спорт, култура, оружје и патувања.

За Чеченците спортот е свет бидејќи тие својата планинска регија ја доживуваат како татковина на воините. Секој маж во Чеченија барем еднаш се испробал во боречки вештини.