ЦГК: Во двете кризни години, државните институции купиле 142 нови возила. А колку чинело најскапото возило?

Денес, 16 март 2022 година, Центарот за граѓански комуникации (ЦГК) ги објави истражувањето и базата на податоци на набавените нови патнички возила од државните институции во текот на кризниот период од март 2020 година наваму.

Истражувањето покажува дека се набавени нови 142 патнички возила за 3 милиони и 609 илјади евра. Возила набавиле 42 државни институции.

Google search engine

Најмногу патнички возила набавила владината Служба за општи и заеднички работи на Владата, која доскорешните „Пасати“ ги замени со 45 нови „Шкода Суперб Амбишн“.

Кога станува збор за конкуренцијата на тендерите за набавка на нови возила, таа и натаму опаѓа односно дури на 83 % од тендерите имало само по една понуда.

Повеќе од 40 % од набавените нови возила се поскапи од 30 илјади евра.

Трите најскапо платени возила се „Шкода Суперб ФЛ“ од 47 илјади евра и „Мерцедес Ц 180“ од 44 илјади евра – и двете на Државната видеолотарија, а на трето место е „Хјундаи Соната“ на Агенцијата за електронски комуникации по цена од 43 илјади евра.

Меѓу марките возила, се чини дека и натаму омилена марка на функционерите е „Шкода“ која со 60 возила води на листата, како и претходните години. Долгогодишното второ место на „Фолксваген“ му го презема „Фиат“ од кој се набавени 25 возила, а на трето место со 13 возила сега е „Ситроен“.

Меѓу фирмите, најголема вредност на договорите и овој пат има „Порше лизинг“ со скоро 2 милиони евра, „МИ-ДА Гранд Моторс“ со речиси 300 илјади евра и „Аутомобиле-СК“ со 274 илјади евра.

Анализата ги опфаќа само патничките возила, а не и комерцијалните, односно товарните, транспортните и техничките возила.

Целозната анализа на Центарот за граѓански комуникации (ЦГК) можете да ја погледнете тука.

- АУДИО РЕКЛАМА -