Цената нереална, а побарувачката уште поголема! Ова е мобилниот телефон кој го освои цел свет…

Неодамна се појави на пазарот, по долго одложување, па за кратко време направи вистински „бум“ во светот.

Мобилниот телефон „iPhone 12 Pro Max“ сигурно не е најповолниот телефон кој што го освои пазарот, со оглед на цената од 1.400 евра во просек.

Google search engine

Но, без оглед на високата цена, очигледно дека тоа е еден од најбараните мобилни телефони од компанијата „Apple“.

Побарувачката за овој мобилен телефон е толку многу голема што компанијата има голем проблем со испораката на истиот, а првите показатели на тоа се извештаите за испорака од банката „JP Morgan“.

Според тој извештај, купувачите го нарачале и платиле својот уред, а чекале многу долго за неговата испорака.

Времето на чекање во просек изнесува 27 дена, што значи дека оние кои што денеска ќе го нарачаат новиот и најскап „iPhone“, ќе го чекаат речиси еден месец.

Од друга страна, оние кои што ја нарачале поевтината верзија од уредот, во просек чекале од 3 до 5 дена.

Најголемиот проблем со испорака имаат граѓаните во САД, каде што и побарувачката е најголема, а тие за да го добијат нарачаниот телефон во просек чекаат и по 33 дена.