Цената на лебот во ЕУ драстично скокна

Поради војната во Украина, цените на лебот во ЕУ вртоглаво се зголемија минатиот месец – во просек за 18 проценти.

Ова е највисокото ниво откако Евростат ги објавува податоците (од 2017 година). Минатата година, отприлика ова време, просечната цена на лебот во Унијата беше „само“ 3% повисока во споредба со август 2020 година.

Google search engine

Конфликтот меѓу Русија и Украина – кои се главни извозници на жито – го попречи извозот, односно блокадата на пристаништата на Црното Море. Русија го загуби пристапот до пристаништата на Балтичкото Море преку кои извезуваше амонијак, клучна состојка за производство на ѓубрива.

Така, во споредба со ланскиот август, лебот најмногу поскапе во Унгарија и тоа за дури 66 отсто. Следат Литванија со 33 отсто, а Естонија и Словачка со 32 отсто.

Блиску до нив е и Хрватска, каде што цената на лебот во август годинава е за 31 отсто повисока во споредба со истиот месец во 2021 година. Понатаму Евростат известува дека значително зголемување на цената – од 30 проценти – се чувствува и во Полска и Латвија.

Поскапувањето на лебот во Германија и Словенија е најблиску до просекот во Унијата, покажуваат податоците. Најмал скок е забележан во Франција (8%), во Холандија и Луксембург (10%).

Инаку, цените на овие прехранбени производи на полето на ЕУ континуирано се зголемуваат од почетокот на годината, а во февруари, кога започна руската инвазија на Украина, во просек се повисоки за 8,3 отсто во однос на истиот месец во 2021. Затоа војната дополнително го продлабочи проблемот.

Како за споредба, кај нас цената на лебот за 1 година е зголемена за 100%.

ПретходнаВо светот има 3311 милијардери !?
СледнаОва нема да им се допадне на корисниците на „YouTube“