Царовска: Препораките на УНИЦЕФ и ОЕЦД се дека училиштата треба први да се отворат и последни да се затворат

Во емисијата „Жешко политичко лето“ на „Канал 5“ гостуваше министерката за образование Мила Царовска.

„Образовниот систем е подготвен за три сценарија – целосно физичко присуство, целосно онлајн или хибридно. Овие идеи се предложени и сите засегнати страни се известени. Владата во моментот има одлука да се започне со физичко присуство согласно нашите, но и  искуствата на развиените земји“, изјави министерката Царовска.

Google search engine

„Нашите искуства кажуваат дека со 40 отсто од учениците во училница, минатата година немаше интерна трансмисија во училиштата. Целосно се почитуваа мерките и протоколите и институциите потврдија дека немаше ниту еден случај на интерна трансмисија“, изјави Царовска.

Таа исто така додала дека препораките на УНИЦЕФ и ОЕЦД се училиштата први да се отворат, а последни да се затворат за образовниот процес да тече непречено.

„Иако во нашата земја нема задолжителна вакцинација, нашите апели стигнаа до наставниците. Во образовниот систем вакцинирани се 69%, што е два пати повеќе од националниот просек. Тоа укажува на високата свесност на наставниците и очекуваме оваа бројка за брзо да порасне над 80 отсто“, изјави Царовска.

Министерката истакна дека се предвидени и исклучоци за отсуство од настава со физичко присуство. Тие се однесуваат на децата кои имаат хронични болести, деца чии родители или други членови на домаќинството имаат хронични болести, но има и од немедицински причини за што училиштето само ќе одлучува.