Бурно е во Кавачкиот клан: Се планирало убиство на Дритан Абазовиќ!?

Засилено е обезбедувањето на Дритан Абазовиќ затоа што има индиции дека членови на криминалниот кавачки клан се подготвувале за негова ликвидација, пишува Вијести.

Министерството за внатрешни работи потврди дека до тие информации дошле преземајќи мерки и активности за расветлување на убиството на Зоран Ашанин, извршено вчера во Мојковац, пишуваат подјегорчки Вијести.

Google search engine

Во конкретниот случај, собраните информации укажуваат на намерата на членовите на кавачкиот клан, и еден од водачите на кланот, Слободан Кашчелан, како резултат на нивното лишување од слобода и процесуирање поради извршените кривични дела, дека тие се подготвувале да преземат активности насочени кон загрозување на животот на вицепремиерот на Црна Гора, г-дин Дритан Абазовиќ, се вели во соопштението на црногорското Министерството за внатрешни работи.

Инаку, Радоје Звицер, еден од водачите на кавачкиот криминален клан, според пишувањето на белградски Информер, бил известен од соработниците од црногорските државни структури дека му се заканува апсење, а практично му било дозволено да избега во Албанија со неговите двајца најблиски соработници, од каде најверојатно со авион заминал во Јужна Америка.

Податоците од западните разузнавачки служби веќе подолго време укажуваат на тоа дека Звицер тесно соработувал со Мило Ѓукановиќ и неговиот режим и се покажало дека тој ја продолжил соработката со луѓето на Мило и по промената на владата во таа земја.

Минатата недела, црногорската полиција уапси неколку членови на кавачкиот клан, меѓу кои и Слободан Кашлелан, кој заедно со Звицер беше водач на таа банда.

Добро информиран извор на Информер објаснува дека кавачкиот клан веќе подолго време е под надзор на безбедносните служби од Србија, Европа, но и од САД, откако оваа банда организираше шверц на огромни количини на кокаин од Јужна Америка во Европа .

Пред извесно време, западните служби доставија непобитни докази до црногорската полиција против припадници на кавачкиот клан, за трговија со дрога, но и за низа убиства.