Претседателот на Украина, Володимир Зеленски, наскоро ќе го објави предавањето на земјата, изјави генералот Димитар Шивиков за бугарското национално радио.
„Се ближи моментот кога претседателот на Украина ќе објави дека се предава. Не се сомневам дека Руската Федерација и нејзиниот воен контингент ќе победат во овој конфликт“, рече Шивиков.
Тој посочи дека Бугарија не треба да и дава оружје на Украина, бидејќи таквите акции само ќе ја интензивираат ескалацијата.
Тој потсети и дека целта на Русија е демилитаризација и денацификација на Украина, а не нејзина окупација или уништување на државноста. Во исто време, Шивиков укажа на „екстремно русофобната политика“ што ја водат украинските власти од 2004 година. Според него, Киев бил испратен на таков курс од „трансатлантски играч“.