Бугарскиот премиер Кирил Петков не ја негираше можноста неговата земја да преговара за нов договор за гас со рускиот енергетски гигант Газпром.
Претходно неговиот министер за финансии Асен Василев изјави дека Бугарија не сака нов договор за гас со Гаспром.
Бугарскиот премиер во интервју за „Катимерини“, одговарајќи на прашањето за преговорите со „Газпром“ за договорот и разговорите со Грција за тоа како тој би можел да придонесе за енергетската ефикасност во Бугарија, рече: „По последните случувања, има потреба од поголема диверзификација на изворите на енергија“.
Тесно соработуваме со грчкиот премиер по ова прашање.Целта е да се зајакнат енергетските врски меѓу нашите две земји преку гасоводот IGB за Бугарија да добие пристап до азербејџанскиот гас, како и до терминал за течен гас (LNG), алтернативи за кои сме заинтересирани што поскоро“, рече тој.
Секако, постои можност интервјуто да е дадено за „Катимерини“ пред министерот за финансии Василев да го изнесе својот став за тоа, пишува „Новините.ком“, додавајќи дека друга можност би била бугарската влада да ја преиспита својата одлука да не преговара со Гаспром.