Брутална закана до земја членка на НАТО – Кадиров: “Ме интересира Полска, за шест секунди ќе им покажеме за што сме способни”

Чеченскиот лидер Рамзан Кадиров и се закани на Полска, велејќи дека доколку добие таква наредба, „ќе им покаже на што се способни за шест секунди“.

Заканата за Полска Кадиров ја упати преку видео на неговиот канал на апликацијата Телеграм, а го преведе новинар на Би-би-си.

Google search engine

„Украинското прашање е решено, а мене ме интересира Полска. Што се обидуваат да постигнат? По Украина, ако добиеме наредба, ќе покажеме за што сме способни за шест секунди. Подобро да си ја вратите назад вашето оружје и вашите платеници“, рече сојузникот на Путин.

Тој ја нападна Полска по инцидентот со рускиот амбасадор кој се случи пред две недели кога демонстрантите го посипија со црвена боја. Кадиров им порача на Полјаците „да молат прошка“ за тој чин.