Бројот на жртви во урнатата зграда во близина на Мајами на Флорида е зголемен на 11, откако во текот на ноќта од урнатините е извлечено уште едно тело.
Бројот на жртви во урнатата зграда во близина на Мајами на Флорида е зголемен на 11, откако во текот на ноќта од урнатините било излечено уште едно тело. Локалните власти соопштиле дека 150 лица и натаму се водат како исчезнати, пренесува “AP”. Началничката на округот Мајами Дејд, Даниела Левин Кава соопштила дека спасувачката операција ќе биде продолжена.
Спасувачките екипи користат кранови, кучиња и инфрацрвени скенери за да откријат знаци на живот во урнатините, но надежта дека уште преживеани се губи како што минува времето.

Уште се истражува што довело до рушењето на повеќекатницата, но вниманието е насочено на структуралните оштетувања наведени во извештајот на инженер од 2008-ма година, кој го објавиле градските власти на Сурфсајд, наведува “Reuters”.
Во тој извештај инженерите утврдиле значајни структурални оштетувања околу базенот во зградата и пропаѓањето на цементот во подземната гаража.