Бројни тетоважи и бујни облини: Погледнете како изгледа вереницата на Италијанецот кој победи на Евровизија

22-годишниот Дамијано Давид ја интригира јавноста од моментот кога се појави на Евровизија, на која со својот бенд „Манескин“ ѝ донесе убедлива победа на Италија.

Откако беше решен скандалот со кокаинот на евровизиското финале и откако се утврди дека никој од членовите на бендот не користел дрога, акцентот „падна“ на неговата убава девојка.

Станува збор за 25-годишната Џорџа Солери, манекенка и инфлуенсерка од Милано која живее во Рим и која е вереница на Дамијано.

Таа на Инстаграм често објавува провокативни фотографии, позирајќи облечена во долна облека или топлес. Оваа девојка на своето тело има бројни тетоважи, а една од нив е и срцето кое го има истетовирано на прстот наместо веренички прстен.