Бројките се брутални: Еве колку пари оваа година изгубиле технолошките милијардери

Првиот човек на „Meta“, Марк Закерберг и извршениот директор на „Binance“ заедно оваа година изгубиле повеќе од 150 милијарди долари.

Откако повеќето технолошки компании во текот на пандемијата оствариле рекордни резултати, а на основа на тие резултати пораснало и богатството на нивните директори, односно најголемите акционери, оваа година донела отрезнување и голем пад. Веќе неколку пати пишувавме за проблемите на некои од компаниите, првенствено „Meta“ и минусот кој го забележал Марк Закерберг, но тој е само еден од многуте кои оваа година се во минус од повеќе десетици милијарди долари.

Google search engine

Вредноста која од почетокот на годината до сега ја изгубиле десетте најбогати лица на светот, од кои повеќето се од технолошката индустрија, изнесува неколку стотини милијарди долари. На „Business Insider“, водејќи се од индексот на милијардери на „Bloomberg“, направиле листа од лицата кои завршиле во најголем минус оваа година, а на прво место на оваа неславна листа се наоѓа – Марк Закерберг.

Неговите проблеми почнале кога фокусот на компанијата го префрлил од социјалните мрежи на метаверс, поради што и го променил името на компанијата во „Meta“. Резултатот е таков што досега во текот на годината изгубил повеќе од 87 милијарди долари, а ако падот на берзата продолжи, годината би можел да ја заврши со минус од неверојатни 100 милијарди долари.

На второто место се наоѓа извршниот директор на познатата криптоберза „Binance“ Ченгпенг Жао. За неговото богатство во текот на години се пишувало се и тешко е да се процени неговата вредност, но податоците на „Bloomberg“ велат дека оваа година е во минус од 72,6 милијарди долари.

Третото и четвртото место на оваа листа им припаѓа на старите непријатели – Илон Маск, кој и покрај минусот од 66 милијарди долари и натаму е најбогато лице на светот, додека Џеф Безос, кој се повлече од челното место на „Amazon“, изгубил повеќе од 65 милијарди долари. Петтото место со минус со речиси 40 милијарди долари му припаѓа на ко-основачот на „Google“ Лери Пејџ, додека другиот ко-основач на „Google“, Сергеј Брин е на седмо место на оваа листа и вредноста на неговото богатство се намалила за 38,1 милијарди долари.

Меѓу нив се нашол и Бернард Арно, еден од ретките на оваа листа кој не е од технолошката индустрија. Слично можеме да кажеме и за Мекензи Скот, чија вредност е намалена за 31,7 милијарди долари, додека зад нив се наоѓа наследничката на „L’Oreal“ Францсоа Бетанкур Маерс. Десетото место на листата му припаѓа на човекот кој долги години беше најбогат на светот – Бил Гејтс, кој оваа година има минус од 27,3 милијарди долари.

- АУДИО РЕКЛАМА -