Брнабиќ: Благодарам на безбедносните служби што го спречија атентатот на Вучиќ

Премиерката на Србија, Ана Брнабиќ се осврна на изјавите од судењето на криминалната група на Вељко Беливук кој е осомничен за повеќекратни убиства.

Брнабиќ вели дека по изјавите во Специјалниот суд во Белград, јасно е дека кланот Беливук бил подготвен да ја смени демократски избраната власт во Србија. Таа изјави дека најголем противник на кланот на Беливук е српскиот претседател Александар Вучиќ, кој, како што вели, било планирано да биде убиен.

Google search engine

„Благодарам на нашите безбедносни служби што го спречија убиството на претседателот на Србија кога тој објави војна против организираниот криминал и мафијата. Но, борбата не е завршена, директорите и главните организатори се уште се на слобода и надвор од дофатот на нашите служби“ – напиша Брнабиќ на Твитер.

Премиерката на Србија додаде дека конечно е слушнато признанието на „оние кои планирале напад врз срцето на земјата“ и дека прашање е дали ќе слушнат „барем едно извинување до сите оние кои се потсмеваа со знаењето на безбедносните служби“.

Вчера во Специјалниот суд во Белград продолжи судењето на кланот Вељко Беливук за седум тешки убиства и голем број кривични дела.

- АУДИО РЕКЛАМА -