Британски разузнавачи: Во наредните денови во Киев ќе се водат тешки борби

Британското Министерство за одбрана штотуку го објави својот најнов разузнавачки извештај во кој тие сугерираат дека најверојатно ќе има тешки борби во наредните денови во Киев.

И покрај руските изјави кои укажуваат на намерно намалување на воената активност околу Чернихив, значителните руски гранатирања и ракетни напади продолжија

Реклама

Руските сили продолжуваат да ги држат позициите источно и западно од Киев и покрај повлекувањето на ограничен број единици. Тешки борби најверојатно ќе се водат во предградијата на Киев во наредните денови.

Тешките борби продолжуваат во Мариупол, што е клучна цел на руските сили, но украинските сили сè уште го контролираат центарот на градот“, соопшти британското министерство.

 

Реклама