Британски министер разговараше со лажен премиер на Украина, тоа е руски трик (Видео)

Велика Британија денеска ја обвини Русија дека стои зад видеоповикот во кој едно лице лажно се претставува како премиер на Украина во разговор со министерот за одбрана, Бен Валас, чија снимка синоќа беше објавена на „Јутјуб“.

Лондон го обвини Кремљ дека стои зад обидите со измама да обезбеди чувствителни информации и да ги засрами британските официјални лица. Тие се обидуваат да преговараат со „Јутјуб“ за отстранување на видеото на кое се гледа дека Валас мисли дека разговара со украинскиот премиер, Денис Шмигаљ, преку видеоповик.

Реклама

Министерката за внатрешни работи, Прити Пател, исто така, призна дека разговарала со измамници, кои неуспешно се обиделе да стапат во контакт и со министерката за култура, Надин Дорис.

Краток клип од разговорот со Валас се појави на интернет, во кој се тврди дека се работи за „пранк“ со „Вован и Лексус“, двојка на која претходно и се препишуваше дека го измамила и војводата од Сасекс.

Валас е прикажан како разговара од Полска, додека лице од другата страна на линијата вели дека Украина сака да ја подобри својата нуклеарна програма за да се заштити од Москва, како што претходно неосновано твределе и руските државни медиуми.

По објавувањето на повикот, Валас рече дека инвазијата на Украина сигурно оди многу лошо за Кремљ, штом паднале на ниво на продукција на монтирани видеа. Извор од Министерството за одбрана рекол дека го видел „ѓубрето“, односно дека се работи за преработена снимка.

„Она што не го слушате е дека министерот за одбрана исто така вели дека Велика Британје не може да има никаква врска со наводните за нуклеарни амбиции на Украина бидејќи е потпишан Договорот за неширење на атомско оружје“, рекол тој.

Валас не кажаува ништо особено срамно или чувствително во видеото, но во него се најавува и целосното интервју во рок од, како што се вели, неколку дена.

Валас во моментот на инцидентот минатата недела, рече дека верува оти Русија е виновна за повикот, а Британија сега и официјално го соопшти тоа.

Реклама