БРИТАНЦИТЕ ОБЈАВИЈА НОВА КАРТА НА РУСКИТЕ НАПАДИ НА УКРАИНА: Мислат дека знаат што Русите планираат (фото/видео)

Министерството за одбрана на Велика Британија на Твитер објави нова карта од нападите на руската армија врз Украина.

Продолжува од ништо не предизвиканата и незаконска инвазија врз Украина, која не беше испровоцирана со ништо, се наведува во соопштението на министерството.

Google search engine

Меѓу другото, мапата ги прикажува нуклеарните централи, локациите на конфликтот од почетокот на инвазијата, областите под руска контрола, насоките на напредокот на руската армија, како и најверојатните идни насоки.

САД не веруваат дека рускиот амфибиски напад врз украинскиот град Одеса или во негова близина е неизбежен, изјави висок функционер за одбрана на САД, пренесува Ројтерс, додека владее зголемена загриженост за можен напад врз градот. Американскиот функционер, кој сакаше да остане анонимен, процени дека Русија лансирала околу 600 проектили од почетокот на инвазијата и распоредила во Украина околу 95 отсто од борбените сили што претходно ги стационираше надвор од земјата.

Руските сили продолжија да се обидуваат да напредуваат и да ги изолираат Киев, Харков и Чернихив и наидоа на „силен украински отпор“, рече официјалниот претставник. „Не знам каков коп.ле треба да бидеш за да притиснеш копче и да фрлаш бомби врз Одеса“, изјави претходно градоначалникот на Одеса Генадиј Труханов, како што објави „Гардијан“.

На Твитер беа објавени фотографии од уништувањето на аеродромот во Виница по напад со крстаречка ракета. Украинскиот претседател Володимир Зеленски претходно извести за целосно уништување на цивилниот аеродром во градот Виница, југозападно од Киев.

ПретходнаОбјави голи фотографии од клиниката за рехабилитација: Познатата манекенка очајна за помалата сестра! Прави скандали додека е затворена
СледнаВознемирувачко: Украинците уништија неколку руски борбени возила во Киев, но биле запрепастени кога ги виделе униформите на војниците! (фото)