Лепа Брена на социјалната мрежа Инстаграм и го честиташе роденденот на Саша Поповица со необична слика на која двајцата се претставени како ликови од Симпсонови.
На сликата Лепа Брена го јавнала Поповиќ, исто како што и самата пејачка своевремено го направила на својот пријател и колега од бендот на еден свој настап.
– Додека Брена ме јаваше, јас заработував – изјави еднаш Саша Поповиќ.
Имено, додека пееше со Саша Поповиќ и „Слатки грех“, Брена често се качуваше на рамениците на својот колега.
– Во тоа време беше толку скандалозно што му се качував на рамениците на Саша Поповиќ и тој ме креваше, што подоцна го направивме тоа од инает за да се смееме на лажниот морал што владееше во нашата земја во тоа време – рече Брена.