Бразилка снимила кампања за бикини: „Вака треба да изгледа една манекенка!?“

Бразилската манекенка Луди Делфино (36), снимила кампања за бикини, на плажа во Санта Моника.

Била во друштво на една од најдобрите пријателки и колешки, манекенката Александра Амброзио.

Луди самоуверено позирала пред фотоапаратот, а привлекувала внимание со своето исклучително слабо тело. Папараците ја снимиле во разни пози, а јавноста е згрозена од пораката која ја испраќа со својата фигура.

Манекенката носела ревии за брендови како што се „Victoria’s Secret“, „Forever 21“, „Target“, а красела и насловни страници на многу модни магазини, меѓу кои е и „GQ“.

„Извини драга, но твоето тело не изгледа здраво“, „Многу си слаба, ова изгледа загрижувачки“, биле дел од коментарите.

На фотографиите ѝ се познаваат ребрата, а нозете и рацете ѝ се многу слаби.

На нејзиниот Инстаграм профил често објавува фотографии во бикини, на кои исто така може да се види колку е слаба.

Додека дел од обожавателите сметаат дека има прекрасна фигура, други се згрозени од идејата дека на младите девојки им наметнува неприродни стандарди за убавина, кои често водат до анксиозност и сериозни проблеми.

Своевремено раскажала дека работата како модел не е лесна и дека има многу откажувања. Модел станала на 15 години, а мајка ѝ ја пријавила на курс за моделинг, бидејќи била многу срамежливо дете.

Од 2012-та година е во брак со режисерот Ерик Чемберсон и вели дека ѝ е најубаво кога поминува време во својот дом со него.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Ludi Delfino (@ludidelfino)