Бразилец живее со девет жени: Една ме напушта бидејќи е себична, но јас носам две на нејзино место

Артур вели дека отсекогаш сакал да има десет жени. Сега не е далеку од таа цел, но си поставил и нова задача. Со секоја од нив планира да има и дете.

Артур Урсо станал светски познат минатата година откако со бразилските медиуми споделил детали од својот необичен живот… Овој маж е во врска со дури девет девојки, кои ги нарекува свои сопруги, но една наскоро ќе го напушти “гнездото”.

Google search engine

„Сакаше да ме има само за себе. Тоа е многу себично од неа. Се е поубаво кога се дели“, ја започнува приказната Бразилецот, кој работи како модел, но и како актер во филмови за возрасни.

„Ми немаше никаква смисла тоа што ми го кажа. Зборуваше дека и недостасуваат моногамните врски. Бев многу тажен, но уште повеќе шокиран од нејзините изговори. Моите други жени се покрај мене. Мислат дека влегла во оваа врска поради авантура, а не поради чувства“, тврди Артур.

Тој официјално е во брак со Луана Казазки, но на церемонија минатата година се оженил и со останатите осум дами. Тоа го опишал како свој начин на бунт против здодевната моногамија.

Според фотографиите на профилите на неговите социјални мрежи, друштвото сака да се релаксира во својата вила со големи количини на пица и сладолед. Нему тоа не му е проблем да го финансира, бидејќи тврди дека месечно заработува и до 70.000 долари на разни манекенски ангажмани и жешки снимки.

„Нема веднаш да барам нова сопруга, но со време планирам да имам уште две. Отсекогаш ме фасцинирала таа бројка, десет. Моментално имам само едно дете, но сакам да имам по едно со секоја од своите сопруги. Сите подеднакво ги сакам и не би било чесно само некои да бидат мајки на моите деца“, вели Артур, пренесува “LADBible”.

 

- АУДИО РЕКЛАМА -